ИЗЛОЖБА „СТАРИТЕ КУЌИ РАСКАЖУВААТ ПРИКАЗНИ“

На 03. 09 2026 во Историскиот музеј во град Дупница, Р. Бугарија се одржа свеченото отворање на изложбата „Старите куќи раскажуваат приказни“, во рамките на прекуграничниот проект: КУЛТУРНА ОБЛАСТ.

Изложбата заеднички беше отворена од директорите на партнерските музеи: Историски музеј Дупница, Регионален Историски Музеј Ќустендил и ЛУ Градски Музеј Крива Паланка.

На изложбата беа презентирани резултатите од истражувањата на староградската архитектура од крајот на XJX и почетокот на XX век во трансграничниот регион кој ги опфаќа општините: Дупница, Ќустендил, Крива Паланка и Кратово.

Активностите за организација и реализација на патувачката изложба: „Старите куќи раскажуваат приказни“ произлегуваат од работниот пакет 4 од проектот, со наслов ПРОМОЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ТАРГЕТ ГРУПИТЕ, каде што сите партнери ја спроведуваат активноста 4.4 Градење на меѓусекторска соработка во студии и настани.

 

Проектот КУЛТУРНА ОБЛАСТ се реализира во рамките на INTERREG VI-A IPA Програмата Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, Приоритет 3 “Интегриниран развиј на трансграничниот регион”. Водечки партнер во проектот е Регионален историски музеј „Акад. Јордан Иванов“. Партнери се Историскиот музеј во Дупница, Градскиот музеј во Крива Паланка и здружението „Пеонија“ – Кратово.