Збирка старопечатени книги
Старопечатените книги во музејот се зачувани во автентична состојба и се важен дел од културното наследство, бидејќи сведочат за значајната улога на црквата, училиштата и печатарството во развојот на писменоста и идентитетот.
Овие дела се со историско значење кои ја прават оваа збирка исклучително значајна со голема научна, културна и уметничка вредност.
Во збирката на Старопечатените книги покрај останатите вредни дела се наоѓа и делото „Огледало“-автор Кирил Пејчиновиќ, печатена 1816 година во Будим, во тогашното Австриско Царство. Книгата е печатена со црковнословенски шрифт,најголемиот дел го зафаќа словото на празниците,оригинална проповед на народен јазик. На народен јазик се пишувани и сказанија, а при молитвите само неколку кратки објаснувања. Другото е црковнословенски јазик.
Делото „Македонска Кьрвава свадба“ напишано од авторот Војдан Поп Георгиев-Чернодрински од 1928 година напишано на македонски јазик. Ова дело претставува едно од најзначајните драмски остварувања во историјата на македонската литература и театар. Има историска вредност како доказ за раната употреба и афирмација на македонскиот литературен јазик, во време кога неговото официјализирање сѐ уште не било постигнато.
„Македонски правопис“ од 1945 година- правопис на Македонскиот јазик донесен на 7 Јуни 1945 година и прифатен како официјален правопис во Народна Република Македонија. Со него се поставени темелите на современиот македонски јазик, што претставува еден од најзначајните културни и политички настани во поновата македонска историја. Тоа било симбол на национален и културен идентитет,заснован на народниот говор и насочен кон развој на македонското образование, книжевност и администрација.
Драмата „Едипь царье“- „Цар Едип“ од Софокле, напишана во 1922 година, е симбол на трагична судбина, човековото барање на вистината и судирот меѓу судбината и слободната волја. Изданието сведочи за интересот за класичната драматургија и за нејзината важност во образованието и книжевната традиција на регионот и се смета за редок библиографски примерок.
„Спомени“ на Михаиль Ив. Македонски од 1925 година претставува важно мемоарско сведоштво за настаните, личностите и борбите поврзани со македонското национално движење. Авторот, сам учесник и очевидец, низ призмата на личното искуство ги опишува условите во кои живееле Македонците под османска власт, периодот на востанија, организирањето на револуционерните движења, како и важните политички и воени настани од Балканските и Првата светска војна. Изданието е печатено со јазична форма која комбинира елементи од книжевниот бугарски, но со силен регионален и македонски јазичен идентитет.
Старопечатените книги во музејот се зачувани во автентична состојба и се важен дел од културното наследство, бидејќи сведочат за значајната улога на црквата, училиштата и печатарството во развојот на писменоста и идентитетот.
Овие дела се со историско значење кои ја прават оваа збирка исклучително значајна со голема научна, културна и уметничка вредност.
Со цел да се зачува ова драгоцено наследство, музејот работи на дигитализација, научна обработка и достапност на овие изданија за истражувачи и посетители.