Постојана археолошка поставка
Постојаната Археолошка Поставка во Музејот е поставена во 2013 година, кога просторот за поставката беше реконструиран, преуреден и адаптиран за инсталација на истата. Автори на постојаната поставка се м-р Милан Митовски археолог и Цоне Крстевски археолог. Просторот за поставката беше реновиран во рамките на проектот: КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО – МОСТ КОН ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА со реф. Бр. 2007CB16IPO007 2009-1-53 којшто Општина Крива Паланка го реализира во партнерство со општина Дупница од Р. Бугарија во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија и бЈР Македонија. Во рамките на проектот беше целосно реконструриран просторот за поставката и депото на археолошката збирка и беше набавена техничка опрема и музејски витрини за поставката.
Постојаната Археолошката поставка започнува со познатата карта Табула Поинтегеријана означена со реден која се наоѓа од вашата лева страна. Таа е една од најстарите патни карти каде се претставени патиштата во сите делови на римското царство. Била изработена во форма на свиток на кој била исцртана мрежа од главни и споредни патишта и населби, речни текови и имињата на римските провинции. На неа е претставена Европа, делови од Азија и северна Африка. Тука ги имаме ги имаме седнмиот и осмиот од вкупно дванаесетте сегменти. За нас се најзначајни семиот и осмиот сегмент на кој е претставена Македонија. Картата е изработена и составена во IV век. Името го добила по Конрад Појтингер германски хуманист и антиквар којшто ја има пронајдено. Се претпоставува дека била прецртана во 13 век од страна на непознат картограф. Тука ги имаме ги имаме седнмиот и осмиот од вкупно дванаесетте сегменти. За нас се најзначајни семиот и осмиот сегмент на кој е претставена Македонија. Во археологијата најмногу се користи за убикација непознатите антички градови и населби.
Од десната страна се наоѓа археолошката карта на кривопаланечкиот регион изработена во 1978 од страна на археолог Цоне Крстевски.
Во просторијата за предисторијата во првата витрината се изложени алатки изработени од камен и коска. Станува збор за утилитарни артефакти кои се употребувале во секојдневниот живот за обработка на храна, месо, кожа, како и обработката на дрвото. Централно е поставена рачна мелница за жито која се состои од елипсест камен со абразивна површина и површина врз која се ставале зрната и се триеле со помал камен со цилиндрична и издолжена форма. Друг вид на алатка изработена од камен која се употребувала во домаќинството претставува аванот. Аванот се состоел од поголем камен со полукружна длапка во која се става материјата која требало да се истолчи (храна, козметички средства, лек или магија, пигменти за боење) и издолжен камен како ударна алатка, заоблен на врвот со кој, удирајќи во длапката се дробела материјата. Во левиот дел од витрината се изложени камените секири, длета и клинови, а во десниот дел изложени се и делкани камени сечила (кремени ножиња) и јадрата од кои биле изработувани по пат на делкање и цепење. Исто така, претставени се и две коскени игли кои веројатно се употребувале за обработка на кожата. Сите изложени артефакти се датираат во V-IV милениум пред н.е (неолит енеолит). Традицијата на изработка на камените ракотворби продолжува во епохата на металите што ја потврдува нивната намена како универзални алатки.
Во втората витрината материјалните остатоци од духовниот живот на праисторискиот човек. во повеќето случаи се носители на индиректни информациии, честопати проткаени со силна симболичка конотација. Станува збор за керамички предмети, за кои се смета дека имале култна намена, односно биле користени во обредите – тоа се антропоморфни и зооморфни фигурини, жртвеници-олтари и амулети. Сите изложени артефакти се датираат во V-IV милениум пред н.е (неолит и енеолит) Во третата витрината се изложени фрагменти од керамички садови од сите предисториски епохи (неолит, енеолит и бронзено време). Во просторот меѓу втората и трета витрина е изложена реплика на неолитски разбој. Теговите се пронајдени на локалитетот Градиште во с. Градец. Овој тип на вертикален разбој бил користен дури до средновекоието кога се појавуваат и првите хоризонтали разбои, претходници на веќе познатите разбои кои се користени на нашите простори и пошироко сѐ до појавата на инустриските разбои.
Во четвртата витрината изложени се Македонско-пајонските бронзи. Истите претставуваат едни од најинтересните археолошки манифестации на железното време кои се јавуваат од крајот на Vll — Vl вek пр. н.е. на територијата на Република Македонија. Покрај својата утилитарна, се претпоставува дека овој накит дополнително имал и одредена магиско – религиската (талис-манска) функција – се користеле како амулети за заштита од негативни влијанија, па затоа во голем дел се пронајдени како дарови во светилиштата. Овие предмети изработувани од бакар и бронза, техника на леење, се обликувале во вид на геометриски, животински, растителни и антропоморфни симболи и фигури.
Во наредната просоторија во која е претставен доцноантичкиот или римскиот период од поставката. Во витрината десно се сместени керамички садови кои спаѓаат во таканаречената „тера сигилата“ керамика чија продукција е токму на територијата на Република Македонија. . Датирани се во III-IV век. Во наредната витрина се изложени керамички садови со форма на чинија со квадратно или правоаголно дно, со карактеристики на неолитски жртвеници (изработени се од керамика со груба фактура, со правоаголна форма, си мали кружни реципиенти на аглите, а дното по правило е декорирано со врежување и импресо техника, односно втиснување. Пронајдени се и неколку примероци со овално дно и помали реципиенти на ободот кои наведуваат на врска со бронзеното и железното врме. Во следната витрина во оваа поставка се сместени делови од коњска опрема и ѓердан од 120 стаклени мониста, изработени од стаклена паста во неколку бои. Околу погребаниот коњ, забелжан е богат археолошки материјал: бронзени токи, усди, образини, нитни и други форми на апликации. Овие наоди се датирани од II-IV век.
Во следната просторија са неоѓа најекслузивниот наод од досегашниоте археолошки истражувања во кривопаланечкиот регион пронајден во гробовите од локалитетот Могила во село Отошница. Во посебна sидна витрина се изложени бронзено умбо од штит со натпис и железен меч од сармантски тип. Сите наоди се датираат во ll-IV век. Во околните мали витрини се изложени наоди од локалитетот Градиште, с. Градец, датирани меѓу IV –VI век:Војничка мамуза, парадна мамуза која припаѓала на некој благородник која е уникатна по својот изглед и е единствена од тој тип пронајдена во Македонија. Ѕвездестиот дел од мамузата е декориран во облик на кринов цвет. Фибули во повеќе облици од една со облик на свастика; делови од вагичка за злато и тегчиња.
Овој период од историјата продолжува и во една витрина од наредната просторија. Во оваа витрина се изложени дел од бронзените монети пронајдени во депото од село Петралица кое се датираат воIV век. Претставени се монетарни емисии ковани во бронза на императорите Флавиј Јулиј Крисп, Констатин І Велики, Флавиј Клаудиј Констатин, Ликиниј І и Валериј Ликинијан Ликиниј.
Останатите витрини во оваа просторија содржат материјали од средновековниот период. Во аголната витрина е изложен дел од фунерарната архитектура од локалитетот Градиште-Некропола во село Опила. Изложените надгробни маркери – вертикално поставена камена плоча и покривни плочи на гробовите се забележуваат вклесани со малтешки крстови и еден пентаграм. Малтешкиот крст и пентаграмот се познати во средновековната иконографија и претставуваату едени од омилените декоративни симболи во средниот век. Се датираат во XI-XII век. Во последнаta витрина е изложена покривната камена плоча од гроб од истиот локалитет, на која е врежана стилизирана претстава на човек со подигнати раце кој во десната рака држи крст а во другата оружје или орудие. Се датира воXX век и има аналогии во соседна Бугарија.
Покрај витрините се поставени питоси кои биле користени за складирање жито и други прехрамбени производи. Питосите биле вкопувани во подовите во некоја од просториите во куќите.
Во поставката понатаму имаме уште три витрини со материјали од средновековниот период, исто така откриени на локалитетот „Градиште“, с. Градец: метални предмети, како ношчиња, мал срп, делови од брава, ѕвоно и остатоци од мала ламбичка; фрагменти и мали керамички садови; и на крај дел од накит и чешел изработени од коска.
На ѕидот може да се погледаат два панела на кои се претставени двата најзначајни архитектонски споменици на културата од нашиот крај, а тоа се црквата Св. Никола во с. Псача XIV век и Манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски од XI век.