Градска уметничка галерија
Градската уметничка галерија е основана во 2014 година. Реконструкцијата на просторот за Градската уметничка галерија е финансиран од Норвешката амбасада во Белград од Амбасадорскиот фонд во висина од 50.000 €, преку проектот „Уметност без граници – основање на Градска уметничка галерија“ чии носители беа Општина Крива Паланка и ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.
Со реализацијата на проeктот Крива Паланка доби модерен галериски простор од 90 м2 кој се користи за презентирање на тековните уметнички и музејски изложби. Градската уметничка галерија функционира како составен дел на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.
Во периодот од основањето се реализирани изложби на дела од локални академски сликари и вајари, изложби на дела од ликовна колонија Св. Јоаким Осоговски, повеќе уметници и уметнички групи од Македонија, и неколку изложби на уметници од странство. Освен уметнички изложби, во галеријата се реализирани и тематски изложби од повеќе области, како што се археолошките и етнолошките тематски изложби.