Постојана историска поставка

Постојаната ИСТОРИСКА поставка во Музејот започна концепциски да се развива уште во 2009 година кога Министерството за култура за првпат финансираше историски проект за Градскиот музеј во Крива Паланка Тоа беше проектот: „Прва Историска Поставка – истражување и изложба“. Проектот се реализираше преку општина Крива Паланка, кога за првпат беше истражувано историското наследство на Кривопаланечкиот крај и беа откупени првите предмети за музејот. Понатаму, во 2010 година следуваше проектот: „Спомен соба на преродбеникот Јоаким Крчовски“. Сите овие проекти заедно со истражувањата кои беа направени и предметите кои беа откупени беа основата за во 2010 година Музејот да подготви апликации и успее да најде средства преку Норвешката амбасада во Скопје РМ и Фондацијата Мери Елен Хеилбрун од САД за реализација на  проектите: „Градскиот живот и заедничката историја на Македонците и Ромите во Крива Паланка“ и „Градски Музеј – реновирање и отворање“. Во рамките на овие проекти беше адаптирана малата сала во Музејот, беа набавени витрини за историската поставка, беа дизајнирани панели, изработени текстови, кои беа преведени на англиски јазик и беше поставена првата постојана историска поставка. Тогашната поставка ја презентираше историјата, важните историски моменти и развојот на Крива Паланка од крајот на  XVII до почетокот на XX век. Тој временски период преку панелни прикази и витрини ги отсликуваше следниве периоди: ОСНОВАЊЕ НА КРИВА ПАЛАНКА, ПЛОЧА ОД ОСНОВАЊЕТО, КАРПОШОВО ВОСТАНИЕ, АЈДУТСКО ДВИЖЕЊЕ, ПРОСВЕТИТЕЛСТВО, ЦРКОВНО-УЧИЛИШНА ОПШТИНА И СОЗДАВАЊЕ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРАНИЗАЦИЈА – ВМРО. 

Поставката и покрај тоа што беше направена со скромни средства со нашиот голем ангажман и труд изгледаше мошне впечатливо НО. Тргнувајќи од потребата од презентација на повеќе историски важни периоди, особени оние од 20-ти век стручниот тим на ЛУ Градски Музеј во 2012 година (во состав Драган Vеличковски директор и м-р Александар Маџовски историчар) започна реконцепција на поставката. Дополнително на одлуката влијаеше и поделената компактност на салата врз која мораше да се изврши интервенција, лошиот под кој требаше да се промени, лошото осветлување кое требаше копмлетно да се смени и потребата од повеќе витрини во просторот заради експозиција на поголем број артефакти. Во контекст на горе споменатото мораме да истакнаме дека музејот во текот на годините го имаше во предвид фактот дека целокупниот историскиот развој на Кривопаланечкиот регион низ сите историски фази на модерната историја не е доволно претставен, и со помош на Министерството за култура и општина Крива Паланка и во меѓувреме работеше во надминување на состојбата, но етапно. Неколку години наназад (од 2009 г.) со помош на Министерството за култура преку проектите „Прва историска  поставка“(2009/10), Историска поставка – откуп на предмети (2014) „Историска поставка – реконцепција (2013) успеа да откупи од населението значаен број на историски предмети. Во 2012 година преку Министерството за култура се реализираше проектот: „Реконцепципирање на историската поставка – истражување и изложба“. Во рамките на овој проект беа истражувани новите периоди кои треба да бидат преставени во поставката, беа откупени некои значајни историски предмети и беше направен идеен концепт за уредувањето на поставката. Истовремено со ангажман на стручно лице историчар (М-р Александар Маџовски) се направи нов концепт со новите периоди за презентација и се изработија нови текстови за презентација на тие периоди на македонски и англиски јазик. Новите историски периоди што беа подготвени да бидат презентирани во поставка се: ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ, БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ, ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, ЕМИГРАЦИЈА, СРПСКАТА ОКУПАЦИЈА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ, ЕМИГРАЦИЈА, ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА, КРИВОПАЛАНЕЧКО ВО СР МАКЕДОНИЈА И ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА.

Во периодот од 2015  – 2020 година и во рамките на годишните проекти: ПОСТОЈАНА ИСТОРИСКА ПОСТАВКА –  Реконцепција со реконструкција и адаптација I, II, III, III.1 IV беше реализирано отстранување на поделената компактност, санација и промена лошиот под, и отворање на премини Во рамките на овој проект беа изработени и вградени новите витрини и панелни кутии за поставката. беа набавени 21 (дваесет и еден) -24’ТВ ТВ екрани (монитори) за дигитално експонирање на визуелниот материјал. Изработивме 15 (петнаесет) соодветни кукли и 20 (дваесет) пластични и/или стиропорени глави за презентација на униформен облековен историски материјал за поставката, и откупивме 30 (триесетина) значајни историски предмети од приватни колекционери кои треба да ги  илустрираат  дел од историските периоди во поставката.  За потребите од поставувањр на поставката во просторот беше изработен концепт и скици за презентација на материјалната култура (историски костуми / униформи, опрема и оружје).

Во моментот стручните лица во музејот работата на  дигитална обработка и дигитална санација на историски фотографии и документи за опфатените периоди и нивна подготовка за презентација и печатење како дигитална обработка на друг помошен визуелен материјал кој ќе се користи за презентација во поставката. Парарелно со тоа се работи (и во изминатите години се работеш) на превод на оригинални документи од османотурски на македонски јазик кои ќе бидат експонирани во поставката.

Истата е предвидено да биде комплетирана и отворена во следниот период.