На 16.09 2026 во ЛУ Градски музеј Крива Паланка беа претставени дел од досегашните видливи резултати и реализирани активности во рамките на проектот „КУЛТУРНА ОБЛАСТ – Заедница за културно наследство и атрактивен туризам во сите сезони“, кој предвидува нови музејски простори, набавка современа опрема и вклучување на европска визија за балканското културно наследство и туризмот во прекуграничниот регион Бугарија- Северна Македонија.
Пред зградата на музејот во присуство на високиот претставник на прекуграничните програми на ЕУ од Брисел, претставниците на МА, НА и ЗТС на програмата Бугарија – РС Македонија, градоначалникот на општина Крива Паланка и директорот на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, беа презентирани новонабавеното мултифункционално пикап возило како и новонабавената техничката опрема (преносен музички систем).
Новото пикап возило е од марката Цитроен Берлинго и истото е набавено од фирмата ДТУ „Автонова“ ДООЕЛ Скопје. Техничката опрема пак е од марката „Јамаха“, истата содржи повеќе составни делови, а набавена е од фирмата ДПТУ „ДоРеМи“ Скопје.
Новонабавените пикап возило и техничка опрема значително ќе ги подобрат техничките и логистичките капацитетите на Градскиот музеј како и на културата во градот воопшто, при организација и реализација на многубројните настани, манифестации и фестивали кои што ги организира општината, културните установи и граѓанските организации од општина Крива Паланка.
Проектот „КУЛТУРНА ОБЛАСТ – Заедница за културно наследство и атрактивен туризам во сите сезони“ се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија 2021–2027, а во фокус се спецификите на локалните балкански традиции, европските влијанија преку различни аспекти на темата „А ла Франка“ во архитектурата, уметничката декорација и вредности, предметите од домаќинството, модата и начинот на живеење. Проектните активности се тематски обединети преку презентирање на културна поврзаност во традицијата и иновациите во секојдневниот живот за време на периодот на Преродбата.
Партнери во проектот се Регионалниот историски музеј „Академик Јордан Иванов“ од Ќустендил како водечки партнер, Историскиот музеј од Дупница, ЛУ Градски музеј Крива Паланка и Здружението „Пеонија“ од Кратово, со поддршка од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Општина Ќустендил.
Вкупната вредност на проектот изнесува 984.870 евра, со времетраење од 24 месеци, а повеќе од 60 проценти од средствата се наменети за инвестиции во инфраструктура и опрема, додека останатите средства се насочени кон активности за едукација, промоција, дигитализација и развој на туристички производи.
Проект координатор за ПП-3
Милан Митовски







