ИНТЕНЗИВИРАНИ СЕ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА МУЗЕЈОТ НА ОТВОРЕНО

Интензивирани се градежните работи за изградба на музејот на отворено во с. Градец, во рамките на проектот: КУЛТУРНА ОБЛАСТ. На неодамнешната посета на градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Сашко Митовски беа презентирани динамиката на изведба на градежните работи, како и предизвиците со кои се соочуваат инвеститорот ЛУ Градски Музеј Кр. Паланка и изведувачот на градежните работи, фирмата ДПГТ „Белешков инженеринг“ Крива Паланка.

Истите се однесуваат на топлото време, решавање на проблемот со водоснабдувањето на локалитетот како и поставувањето на завршниот слој на новоизградениот паркинг.

Градежните активностите произлегуваат од работниот пакет 2 од проектот, со наслов РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ МЕСТА – РЕСТАВРАЦИЈА, ИЗГРАДБА И ТРАНФОРМАЦИЈА, каде што ЛУ Градски музеј Крива Паланка ги спроведува активностите 2.2 Изведба на дополнителен музејски простор за културни и едукативни активности и 2.3 Изградба на музеј на отворено во с. Градец.

Проектот КУЛТУРНА ОБЛАСТ се реализира во рамките на INTERREG VI-A IPA Програмата Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, Приоритет 3 “Интегриниран развиј на трансграничниот регион”. Водечки партнер во проектот е Регионален историски музеј „Акад. Јордан Иванов“. Партнери се Историскиот музеј во Дупница, Градскиот музеј во Крива Паланка и здружението „Пеонија“ – Кратово.