Од денешното отворање на изложбата „Цртежи“ од Љубе Чаловски

Во уметничката галерија при ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка, свечено беше отворена изложбата „Цртежи“ од реномираниот архитект и уметник Љубе Чаловски.

Поставката содржи 40 дела изработени во молив и јаглен на хартија, инспирирани од урбани и рурални мотиви низ светот – од Блискиот Исток, Јужен Сибир, Русија, балтичките земји и Грција, па сè до архитектонските бисери на Македонија, вклучувајќи ги Велес, Крушево, Кратово, Гостивар, Тетово, Охрид и Галичник.

Љубе Чаловски (1949), дипломиран архитект од Скопје, со богата професионална кариера во земјата и странство, соработувал со престижни студија како „МОСТ ПРОЕКТ“ (Москва) и „ГЕРЦИ“ (Швајцарија). Изложбата е негова осма самостојна претстава, каде архитектурата се среќава со уметноста.

Ве покануваме да ја посетите изложбата и да доживеете едно патување низ цртежи што говорат со тишината на линијата и текстурата.