На 26-ти Февруари 2026 г. беше потпишан договорот за набавка на пикап возило, во рамките на активностите од проектот „КУЛТУРНА ОБЛАСТ – заедница за културно наследство и атрактивен туризам во сите сезони – CULTURAL AREA – CULTURAL heritage community and AttRactive all-sEAson tourism), со реф. бр BGMK02000271, и број на договор № РД-02-29/22.04.2025 г.
Активностите произлегуваат од работниот пакет 4 од проектот, со наслов ПРОМОЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ ТАРГЕТ ГРУПИТЕ, каде што ЛУ Градски музеј Крива Паланка ги спроведува постапките за набавка на ова пикап возило, како и за набавка на дополнителна музејска опрема (амбиентално осветлување и смарт систем лабараторија) и набавка на преносен музички систем (опрема).
Во постапката за јавна набавка согласно ПРАГ правилата ЕУ учествуваа 2 (две) од вкупно 6 (шест) поканети компании, а најуспешен беше економскиот оператор ДТУ „АВТОНОВА“ ДОО Скопје.
Проектот КУЛТУРНА ОБЛАСТ се реализира во рамките на INTERREG VI-A IPA Програмата Бугарија – Северна Македонија 2021-2027, Приоритет 3 “Интегриниран развиј на трансграничниот регион”. Водечки партнер во проектот е Регионален историски музеј „Акад. Јордан Иванов“. Партнери се Историскиот музеј во Дупница, Градскиот музеј во Крива Паланка и здружението „Пеонија“ – Кратово.
Проект координатор за ПП3
Милан Митовски



