Откажување на тендерска постапка за изведба на дополнителен музејски простор – Изградба на музеј на отворено во Крива Паланка.

Проект: КУЛТУРНА ОБЛАСТЗаедница за културно наследство и одржлив туризам во сите сезони” 
Реф. бр. КУЛТУРНА ОБЛАСТ БГ 0200027

 

2.1. Основни информации 

Информација за претходна објава:

Наслов на објавата: Изведба на дополнителен музејски простор и Изградба на музеј на отворено во Крива Паланка“


Број Contract Notice Reference Number (procedure identifier):  КУЛТУРНА ОБЛАСТ БГМК0200027/03/ПП3


12. Доделување на договор:

Бр. на договор /


Наслов: Изведба на дополнителен музејски простор – Изградба на музеј на отворено во Крива Паланка. 

Лот1: Изведба на дополнителен музејски простор за културни и едукативни содржини во Градски музеј Крива Паланка

Лот 2: изградба на музеј на отворено во село Градец,. Крива Паланка

 

12.1. Информација за недоделување

Договорот не е доделен.

Комисијата за евалуација на понудите пронајде технички грешки во образецот за финансиска понуда Том 4.2 во објавениот тендерски пакет за градежни работи и се согласи да не продолжи со постапката за евалуација на понудите.

Комисијата за евалуација на понудите одржа подготвителен состанок на кој ги провери сите технички и финансиски критериуми и документи. За време на вкрстените проверки, пронајдена е клучна грешка во документот Том 4.2 Образец за финансиска понуда и 4.2.3 Преглед на паушалната цена во најновата верзија на објавениот тендерски пакет за градежни работи за Лот 2 „Изградба на музеј на отворено во село Градец во Крива Паланка“, каде што недостасуваат  сите количини во предмер – пресметката за Дел II: „Санитарен водовод и атмосферска канализација“, а целиот Дел III: „Изградба на електрична инсталација“ со опис на позициите и количините исто така недостасуваат во споменатите документи.

Во таа насока, КЕТ сметаше дека економските и техничките параметри на проектот се фундаментално изменети и се согласи да ја поништи тендерската постапка за работите.

 

12.2. Дополнителни информации:

За овој проект ќе биде започната нова тендерска постапка и ќе биде објавен нов оглас за доделување на договор, штом ќе бидат исправени техничките грешки.