Музејска библиотека

Музејската библиотека започна да се формира уште пред формирањето на Музејот. Првите неколку стотина книги се лична сопственост на основачот на Музејот и лице задолжено за раководење до основањето како и прв директор на музејот Драган Величковски, подарени за музејската библиотека. Со текот на времето од многубројните контакти, лични средби, патувања и остварени соработки на Величковски, библиотеката на музејот се повеќе и повеќе да се зголемува.

Побарани се и добиени донации на книги од неколку македонски национално важни установи и тоа: Архив на Македонија, ЈНУ Институт за фолклор, ПМФ Институт за етнологија и антропологија, Македонската Академија на науките и уметностите и ЈНУ Институт за Национална Историја. Библиотеката е збогатена и со важни наслови од странство и тоа од Регионалиот Историски Музеј „Акад. Јордан Иванов“ од Ќустендил, Р. Бугарија како и со дел од личната библиотека на потомците на Паланечката фамилија Цекови од Софија, т.е од Вера Ѓорѓиева Цекова како претставник на славната македонската емиграција. Во 2020 година музејот добива донација на целата библиотека на стручни книги од етнолог Дарко Булдиоски.

Библиотеката со текот на постоењето и работата на музејот се повеќе се зголемува и збогатува. Во неколку наврати од 2019 до 2023 година извршени се набавки на стручна литература од повеќе реномирани издавачки куќи, како и од неколку специјализирани антикварни продавници каде се набавени ретки книги од постари изданија важни за стручните и научните истражувања на музејските стручни лица.

Во периодот 2018 – 2024 година за библиотеката етапно се набавени и монтирани нови библиотечни и архивски витрини, а извршена е евиденција, документација и каталогизација на библиотечните единици со кои располага музејот.

Библиотеката на Музејот во моментот располага со над 2.437 библиотечни единици – (стручни литература), која е поделена во два сегмента: Основна и Дополнителна. Основната стручна литература која ја поседува музејот е од следните области: АРХЕОЛОГИЈА, ЕТНОЛОГИЈА, ИСТОРИЈА, ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ, РОДЕН КРАЈ И СТАРОПЕЧАТЕНИ КНИГИ. Додека пак дополнителната литература ја сочинуваат единици од областите: ФОЛКЛОР, МУЗЕОЛОГИЈА, АРХИТЕКТУРА, ТУРИЗАМ, ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА И ДРУГО.

Во 2023 година библиоетката на Музејот е вклучена во меѓународниот ел. систем на COBISS при што е извршена стручна обука на лицето кое работи во библиотеката, а започна и процесот на внесување на библиотечните единици со кои располага Музејот во овој електронски систем.

Библиотеката е достапна за јавноста и овозможува користење на литературата под услови кои се усогласени со библиотечните стандарди и протоколи за работа. Вклученоста во COBISS.MK овозможува дополнителна видливост и поврзаност со други релевантни институции, што претставува значаен чекор кон дигитализација и модернизација на библиотечната дејност.

Библиотеката на ЛУ Градски музеј Крива Паланка денес е достапна за сите читатели, не само за научниците и стручните лица туку и за сите љубители на книгата и на културното наследство воопшто. Библиотеката има стручен карактер и е отворена за сите надворешни корисници.