Историјат
Градскиот Музеј во Крива Паланка е формиран во 2006 година како ЛОКАЛНА УСТАНОВА од Областа на Културата. По својата форма тој претставува Општ Музеј кој што ги обединува 4 (четирите) музеолошки дисциплини во себе: археолошката, етнолошката, историската и историјата на уметност.
ЛУ „ГРАДСКИ МУЗЕЈ“ – Кр. Паланка е институционалниот носител на целокупната музејска дејност во општина Крива Паланка и пошироко на Кривопаланечкиот регион (Славиште) кој има јасно утврдени просторни, географски и антропографски граници, и свои специфики и карактеристики.
Во исполнување на Годишната програма за работа ЛУ Градски Музеј Кр. Паланка ги следи регулативите, одредниците и стратешките определби кои произлегуваат од:
- Законот за музеите (Службен весник на РМ бр. 66/04, 89/08, 116/10, 51/11, 85/15, 152/15 и 39/16) и сите подзаконски акти кои произлегуваат од него;
- Закон за заштита на културното наследство (Службен весник на РМ бр. 20/04, 71/04, 115/07, 18/11, 148/11, 23/13, 137/13, 164/13, 38/14, 44/14, 199/14, 104/15, 154/15, 192/15, 39/16 и 11/18) и сите подзаконски акти кои произлегуваат од него;
- Статутот на ЛУ Градски Музеј Кр. Паланка со бр.02-28/1 од 01.06 2017 г;
- Програмата за развој на ЛУ Градски Музеј Кр. Паланка 2021 – 2025;
- Националната Стратегија за Развој на Културата во РМ 2020-2023 и Акциски план за имплементација на стратегијата за развој на културата во РМ 2020-2023;
Родово одговорна стратегијата за локален развој на општина Крива Паланка 2022-2027;
Технолошки ресурси: ЛУ Градски музеј Кр. Паланка својата дејност ја одвива во зградата на музејот, т.е поранешниот Дом на АРМ или уште по поранешниот Официрски Дом. Условите за работа во установата се модерни, технолошки современи и удобни. На располагање на вработените се три модерно опремени канцеларии, библиотека, депо-а за предмети, продавница за сувенири и три изложбени сали за постојаната археолошка поставка, постојаната етнолошка и постојаната историска поставка и опремени со современа опрема за заштита според музеолошките стандарди. Во составот на музејот постои и модерно опремена уметничка галерија според сите стандарди и во која се организираат повремени музејски и уметнички изложби.
Во 2019 година Музејот се здоби со дополнителен простор (зграда) поранешен објект „Школо“ во с. Градец. Во рамките на овој објекта и согласно стратешките планови и документи, музејот планира развој на едукативен туризам базиран на културното наследство како и ресурсна база за археолошки истражувања.
Човечки ресурси: ЛУ Градски музеј Кр. Паланка располага со следните човечки ресурси: 1 (едно) стручно лице етнолог – кое ja врши должноста директор на Музејот; 1 (едно) стручно лице – историчар, 1 (едно) стручно лице етнолог, 1 (едно) стручно лице историчар-архивист, 1 (едно) стручно лице историчар на уметност и 1 (едно) помошно техничко лице – хигиеничар редовно вработени во Музејот.